(ФОТО) БРЕДЛИ КУПЕР ГЛАВЕН ФРАЕР ВО ХОЛИВУД: Гага била само параван за неговата вистинска љубов!


Ако може да им се верува на светските таблоиди Лејди гага била само параван за вистинската љубов на Бредли Купер кој поради колешката ја прекинал врската со светскиот модел Ирина Шајк со која ја има и ќерката Леа…
Лејди Гага, сепак, не е девојката со која Бредли Купер е во врска, што можеше да се заклучи и од објавата на пејачката дека е во врска со совјот продуцент. Како што пишува американскиот портал „Селебрити хаш“, Гага била само параван за вистинската нова љубов на актерот. Наводно, 44. годишниот Купер е во тајна врска со Џенифер Гарнер (47).
Aктерката, наводно, во неколку пати била забележана како влегува и излегува од неговата кужа во Лос Анџелес.
На почетокот на август Џенифер е „уловена“ како оди на таен состанок со Бредли, а нивната врска цвета од ден во ден, вели изворот на „Селебрити хаш“.
Она што е веќе познато е дека актерите се блиски пријатели уште од времето кога заедно глумеа во серијата „Алиас“.


View this post on Instagram

I taught him everything he knows. 🤣❤️ Happy Birthday, Bradley. Go get em tomorrow. We are all so proud of you. xxxx


A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner) on


Актерката е пораншна сопруга на Бен Афлек, со кого се раздели минатата година по 13 години брак. Тие имаат три деца – 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафин и синот Сем (7). Купер, пак, со Шајк беше во врска четири години, а во март 2017 година ја добија ќеркичката Леа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КЕЈТ И ВИЛИЈАМ ГО УРНАА ИНТЕРНЕТ – „Каква убавина и моќ“, НА ОВА МЕСТО прославија 14 години брак: Принцезата во ТЕСНИ ФАРМЕРКИ И ПРЕКРАСНА ЈАКНА стилизирана за десет

– Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се огласија по повод 14-годишнината од бракот – Целиот …