Во новото интервју, Кејт Винслет поттикнала многу жени да се чувствуваат подобро во својата кожа, велејќи дека стануваат поубави како што стареат.
„Жените секако стануваат поубави како што стареат. Нашите лица подобро отсликуваат кои сме, подобро одговараат на структурата на коските, имаат повеќе живот и историја“, изјавила таа за британското издание на списанието Harper’s Bazaar.
Таа додала дека брчките околу очите се неверојатно убави и дека нејзината перцепција за убавина доаѓа одвнатре.
View this post on Instagram
„Исто така, научив дека е важно да се грижите за себе од внатре кон надвор. Ова не е само за тоа што јадете, туку и како се грижите за себе од гледна точка на менталното здравје”, рекла таа.
Таа смета дека со текот на времето општеството почнало се повеќе да го прифаќа начинот на кој жените изгледаат и се чувствуваат.
„Кога ја започнав мојата кариера, жените немаа глас или не можеа да застанат за себе. Сигурно не можеше да зборуваш за нешто што ти пречи, бидејќи тоа би се доживеало како жалење”, вели таа.
Фото: Принтскрин/Instagram