(ФОТО) БРАВО: Бијонси донира 500.000 долари на семејства кои поради корона се без „покрив над глава“

Бијонсе ќе исплати половина милион долари неповратни средства на луѓе кои се соочуваат со последиците од станбената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Луѓето ќе можат да се најавуваат на нејзината страница до 7. јануари 2021 година, објави пејачката на својата веб-страница. Парите ќе бидат распределени на 100 избрани лица на крајот на јануари.
„Бијонсе продолжува да обезбедува помош таму каде што е најпотребно. Во втората фаза од распределбата на средствата од фондот BeyGOOD Impact, помошта ќе им биде дадена на луѓето погодени од станбената криза“, се вели во соопштението.


Ова не е прв пат пејачката да им помага на заедниците погодени од пандемија. Пролетта годинава ги поддржа малите бизниси во сопственост на афроамериканци, обезбедувајќи грантови од 10.000 за 250 бизниси.
Во мај, таа и нејзината мајка Тина Ноулс отворија мобилни страници за тестирање на Ковид-19 во нивниот роден град Хјустон, Тексас. Исто така, во април, во партнерство со фондот Start Small Jack, таа донираше шест милиони долари за помош во борбата против коронавирусот.

Фото:instagram.com/beyonce/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ана Костадиновска се прости од Сара Пројковска: „Ќе те сакам додека дишам и постојам, а ти ќе бидеш со мене секој ден…“

Беа дуо без кое не се можеше. Со децении заедно- како на сцената така и …