Бројни американски медиуми пишуваа за храбриот чин на еден Босанец кој спасил мајка и две деца од превртен автомобил. Детали за настанот сподели здравствената организација „Juniper Homecare“ во која Нихад Ибрахимовиќ работи како менаџер веќе 17. години.
„Нашиот сопствен херој! Рано утрово, додека бил на рутата за испорака на улицата Саут Витни во Хартфорд, Нихад Ибрахимовиќ, кој работи како менаџер на Juniper повеќе од 17. години, забележал нешто оддалеку. Кога се приближил видел дека автомобилот се превртел на сред пат. Кога видел дека автомобилот чади, знаел дека нема многу време и се фрли во акција“, напишале тие во објавата на нивната веб-страница.
Ибрахимовиќ повикал брза помош, но немало време за чекање.
„Додека трчаше кон автомобилот, ја виде мајката и нејзините две мали деца заробени внатре. Размислувајќи брзо, го скршил прозорецот и успеал сите да ги однесе на безбедно додека ја чекале брзата помош. Ова е крајно несебичен и херојски потег. Благословени сме што имаме ваков херој во нашиот тим Juniper. Се молиме сите да оздрават целосно и бараме сите да возат внимателно оваа зима“, потсетиле во своето соопштение.
Под објавата се појавија бројни коментари од воодушевените Американци, но и граѓани на Босна и Херцеговина.
„Нашиот херој“, „Браво Нихад, босанската култура не учи секогаш да им помагаме на другите“, „Толку сум горд на Нихад“, „Каква храброст, на светот му требаат такви како тебе“, „Ние го имаме нашиот Супермен“, „Момчиште“ – се само неколку во долгата серија коментари.
Фото: Принтскрин/Facebook