(ФОТО) Боречка легенда – Животната драма на познатиот борец со хрватски пасош: „Се борам против неочекувана болест“

Поранешниот олимписки шампион Сатоши Иши (37) на својот Инстаграм профил објави многу тажна слика каде откри дека се бори за живот.
„Се борам со неочекувана болест. Бев на итна операција три пати во две недели. Најлошиот дел го поминав, полека закрепнувам. Ќе се вратам на моите цели што е можно поскоро. Му благодарам на докторот што ми го спаси животот и благодарам на сите што ме поддржуваат што и да се случи“, напиша Иши на Инстаграм.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Satoshi Ishii (@satoshiishii0141)


Сатоши успеа да освои златен медал во Пекинг пред 16 години за својата Јапонија, пред да премине од џудо во ММА водите.
Тој беше активен во светот на џудото од 2004 до 2009 година, а потоа се одлучи за ММА, додека во својата борбена кариера го додаде и кик боксот во 2021 година и боксот во 2022 година.
Сепак, најмногу успеси имаше во џудото, во кое стана олимписки шампион, додека од 2019 година има хрватско државјанство.
Морал да се откаже од јапонското државјанство бидејќи тие не поддржуваат двојно државјанство.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Шерифовиќ и приреди роденденско изненадување на својата мајка, а таа лееше солзи: „Сакаш да умрам”? 

„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, …