(ФОТО) Борба за секое дрво: Реагирајте! Редовно! Борете се!


Во населбата Аеродром во Скопје било во тек сечење на дрва, без објаснување, но граѓаните негодуваат и се борат за секое дрво на свој начин!
„Ова дрво денес не беше пресечено бидејќи еден обичен граѓанин застана до него и им кажа на луѓето дека не дозволува да биде исечено и дека тоа го прави за своите и нивните деца.
Дека бара да дојде Градоначалничката и да објасни зошто се сечат….и плус дека ќе викнеме медиуми и други граѓани.
Вработениот од службата беше многу културен и рече: Ваше право господине. Само да запишам во решението за да се знае зошто не е исечено.
Ова не го споделувам за да го величам тоа што е направено за едно дрво….туку да ве поттикнам сите индивидуално да реагирате.
Секој. На свој начин.
И едно плус едно плус едно….ќе се зачува зеленилото кое очигледно административците не го третираат како клучно за животот и здравјето на сите…а најмногу на децата.
Реагирајте!
Редовно!
Борете се!“, напиша Лазар Ѓуров на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Основното музичко и балетско училиште ги започнува уписите за учебната 2025/2026 година

Основното музичко и балетско училиште “Илија Николовски-Луј“ ги започнува уписите за учебната 2025/2026 година. Доколку …