Борисав Ѓорѓевиќ, фронтменот на „Рибља чорба“ беше погребан во родниот Чачак со песната „Погледни си го домот ангелу“.
На гробиштата се собрале бројни граѓани на Чачак, членови на неговото семејство, фанови, колеги и пријатели.
Меѓу нив и Момчило Бајагиќ Бајага, Радомир Михаиловиќ Точак, Ѓорѓе Давид, Сергеј Трифуновиќ, Воислав Коштуница, Бошко Обрадовиќ и други.
Откако ковчегот бил сместен во земја, присутните скандирале „Боро мајсторе“. Сергеј Трифуновиќ потоа ја отпеал „Индиферентно за плачење“, по што му се придружиле и останатите.
На комеморацијата во Центарот за култура во Чачак присуствувала сопругата на Бора, Дубравка Милаковиќ. Тука бил и неговиот син Борис Ѓорѓевиќ, кој ретко се појавува во јавноста. Бора го добил во брак со Драгана Ѓорѓевиќ.
Бора минатиот месец беше хоспитализиран во Клиничкиот центар во Љубљана. Неговиот менаџер Бане Обрадовиќ изјавил дека бил интубиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест.
Во 1990-тите овој музичар го поддржуваше српскиот национализам, што се одрази и во неговите јавни настапи.
Фото: Принтскрин/klix.ba