Руската манекенка Ирина Шајк се вратила на модната писта на Викторија Сикрет за прв пат по нејзиното шоу во 2016 година.
Таа на синоќешната модна ревија во Њујорк носела проѕирен комбинезон покриен со ѕвезди, обетки со големи обрачи и сандали со металик потпетици.
Својот изглед го комплетирала со едноставна шминка и фризура, а со серија фотографии кои ги објави на својот Инстаграм профил го официјализираше враќањето и им се заблагодари на своите следбеници за љубовта што и ја пружаат.
View this post on Instagram
Во своето појавување на модната ревија во 2016 година, таа вешто го сокри трудничкиот стомак.
Синоќа таа за Entertainment Tonight изјавила дека последен пат кога прошетала во шоуто на Victoria’s Secret била речиси петти месец од бременоста.
Таа истакнала дека нејзината ќерка ја гледала ревијата, а на прашањето дали би ја советувала да се занимава со манекенство, таа вели дека најважно е да одгледа драго и сакано дете, а се друго не е важно.
За потсетување, ревијата на Викторија Сикрет и официјално се врати по пауза од шест години, а покрај Ирина Шајк, на ревијата се појавија и Бела Хадид, Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Карла Бруни и Тајра Бенкс.
Фото: Принтскрин/Instagram