Ричард Гир неодамна со неговата сопруга Алехандра Силва и нивните синови се преселил од САД во Шпанија.
Гир и Силва неодамна присуствуваа на гала „Elle for Future“ во Мадрид, што е нивно прво појавување во јавноста откако се преселиле.
Во интервју за шпанското издание на магазинот Elle, Гир ги споделил своите впечатоци од животот во новата земја.
„Овде е убаво. Кога зборуваме за општеството и заедницата, морам да кажам дека овде го чувствувам духот на заедницата. Луѓето се грижат еден за друг. Во мојот свет, таквите социјални врски се почесто се раскинуваат, па тоа е нешто што јас навистина го ценам овде“, рекол тој.
View this post on Instagram
Ричард Гир и Алехандра Силва се во брак шест години и имаат два сина, а нивна заедничка одлука била да се преселат во Шпанија. Неговата сопруга е родена во оваа земја и го поминала најголемиот дел од животот, а Гир и Силва веруваат дека нивните деца ќе имаат подобро детство во Шпанија.
Потсетуваме, Гир и Силва ја продадоа својата вила во Конектикат за 10 милиони евра, а пред тоа актерот имаше вила која се наоѓа на околу еден час возење од Менхетен.
View this post on Instagram
На доделувањето на наградите „Elle for Future“ во Мадрид, парот расположен позирал. За оваа пригода Силва избрала долга тоалета со деколте, додека Гир се одлучил за класичен костум со машна.
Фото: Принтскрин/Instagram