Поминаа повеќе од 20 години од трагичната смрт на еден од најубавите и најпознатите брачни парови во модерната историја – Џон Ф. Кенеди Џуниор и Каролин Басет. На еден кобен јулски ден во 1999 година, сопружниците отишле на свадба на близок роднина, со намера да ги средат несогласувањата и да почнат „од почеток“, но животот засекогаш ги спречил во тоа.
Тие загинале во приватен мал авион, со кој управувал самиот Џон Кенеди Џуниор, а се чини дека се навестувало дека оваа бурна љубов ќе има бурен крај, иако никој не очекувал дека ќе биде толку трагично.
Смртта била и крајот на оваа драматична љубовна сага, за која многумина тврдат дека е „најголемата досега“, но деталниот вовед во нивниот живот и врска ја покажува другата страна на медалот – дека Џон и Керолин едноставно биле фатални еден за друг.
Кобна средба
Но, да почнеме од почеток… Судбоносната средба меѓу овие двајца млади, убави и перспективни луѓе се случила во 1994 година на фантастична забава на брендот „Келвин Клајн“, каде Каролин Басет работела во одделот за односи со јавноста, а Џон истата секунда „ја загубил главата“ по витата русокоса со ледена убавина.
Џон, синот на починатиот американски претседател Џон Ф. Кенедеии модната икона ЏекиКенедибил најпосакуван ерген во Америка, бил амбициозен, богат, паметен,згоден, убав и го имал светот на дланка. Прашањето било дали постоела жена која би му рекла „не“, но Керолин го направила токму тоа – го одбила кога тој ја поканил на состанок.
„Ми рече: ‘Јас и се јавив и таа не ми се јави’. Не му се допадна тоа. Не можеше да верува дека го одбила. Тоа никогаш порано не се случило. Таа навистина не веруваше дека тој е сериозен“, рекол во 2014 година неговиот колега Брајан Стил.
Меѓутоа, оваа Американка се предомислила, па нивниот состанок резултирал со страсна и интензивна романса во која практично не се разделувале.
„Маж кој можеше да избере која било жена на светот за своја невеста, ја избра онаа која не е ниту богата, ниту позната, немаше респектабилно семејно потекло ниту беше препознатлива по некои професионални достигнувања. Керолин поседуваше други харизматични квалитети – посебна убавина, уникатен стил но и остра интелигенција“, напишал тогаш „Venity Fair“ за оваа млада дама.