(ФОТО) БИЛА ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ТИНЕЈЏЕРСКИ ЅВЕЗДИ НЕКОГАШ, ПА ПОЧНАЛА ДА ШЕТА ГОЛА НА УЛИЦА: Завршила во психолошко одделение, проживеела пекол, а еве ја денес…


Аманда Бајнс била големата надеж на Холивуд, а потоа нејзиното здравје значително се распаднало и како и секоја тинејџерска ѕвезда го допрела дното. Аманда Бејнс вчера гхопрослави 39.роденден а од некогашната убавица не останало ниту навестување. „Stembled“ е зборот кој најдобро го опишува животниот пат на поранешната најсимпатична актерка во Холивуд.
Родена на 3 април 1986 година во Калифорнија, таа веќе како дете покажала талент за комедија и глума. На само 10 години таа се пробила на Никелодеон во серијата „All That’“, а потоа добила своја шоу програма – „Шоуто на Аманда“. Таа беше позната по својата енергија, духовитост и шарм. Публиката ја обожаваше.
Следелеулоги во тинејџерски комедии, а Аманда станувала сè попопуларна. Тоа било време кога Линдзи Лохан и Хилари Даф доминираа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by @00bymills


Но, како и со многу млади ѕвезди, славата имала своја цена
Некаде околу 2010 година, Аманда се повлекла од актерството, повремено објавувајќи дека се „пензионирала“. Тогаш многумина тоа го сфатиле како каприц или потреба за пауза, но зад сцената Аманда тонела.


На социјалните мрежи Аманда објавила бројни вознемирувачки и често неразбирливи твитови – ги навредувала познатите личности, ја објавувала свршувачката со непознати и објавувала слики од нејзиниот шокантен изглед.
Во 2013 година, Аманда била хоспитализирана откако подметнала пожар во дворот на семејната куќа. Потоа и било дијагностицирано биполарно растројство и шизофренија и била ставена под грижа на нејзините родители преку законско старателство, слично како што се случило со Бритни Спирс.
Во следните години, Аманда повремено се појавувала во јавноста, се запишувала на модно училиште (FIDM – Fashion Institute of Design and Merchandising) и најавувала дека се обидува да започне нов живот далеку од актерството.

Во интервјуата околу 2018 и 2019 година, Аманда признава дека била „надвор од контрола“, дека користела разни дроги, вклучително и кокаин, и дека одлучила да се повлече од актерството затоа што „го мразела начинот како изгледала на екранот“.
Иако многумина верувале дека конечно се стабилизирала, во март 2023 година се случил уште еден инцидент – таа била пронајдена гола и дезориентирана на улиците на Лос Анџелес и повторно била хоспитализирана.

Аманда била под надзор девет години и во 2023 година ѝ била дадена слобода, откако судијата Роџер Л. Лунд оценил дека е способна да се грижи за себе.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРЕД СПЕКТАКУЛАРНИОТ КОНЦЕРТ ВО ОХРИД Јелена Розга сосема искрено коментирала за нејзината врска со Иван Хуљиќ: „Љубовта е одлична!“

Во април оваа година, Јелена Розга ја потврди својата врска со Иван Хуљиќ, а сега …