Наместо насловни страници на реномирани списанија, Нина ги полнеше таблоидите, најмногу со својот приватен живот…
Хрватската манекенка Нина Мориќ пленеше со својата убавина. Модните критичари и предвидуваа блескава кариера како топ модел, како онаа на светски познатите манекенки – Синди Крафорд, Наоми Кембел, Клаудија Шифер…
Сепак, нејзината манекенска кариера тргна во друга насока. Наместо насловни страници на реномирани списанија, Нина ги полнеше таблоидите, најмногу со својот приватен живот.
Својата манекенска кариера ја започна во 1996 година, кога го освои второто место на натпреварот „Елит изглед на годината“. Следеа ангажмани во Милано, а во 1998 година триумфираше на натпреварот „Елит“. Една година подоцна таа се појави во спотот на Рики Мартин за познатиот хит „Livin’ La Vida Loca“.
Љубовните проблеми беа многу поголеми од желбата за модна слава, а тоа ја чинеше многу. Беше во брак двапати – првиот пат со Фабрицио Корона, со кого во 13-годишен брак го добија синот Карлос, додека во 2013 година му кажа „да“ на италијанскиот бизнисмен Масимилијано Доси, од кого се разведе по два месеци.
Работата да биде уште полоша, започнаа и проблемите со естетската хирургија, за која нејзината природна убавина и ден денес ја плаќа цената. Нина во една исповед за италијанските медиуми еднаш зборуваше за естетските зафати.
„Мојот поранешен сопруг ми наби толку многу комплекси за мојот физички изглед што решив да направам операција“, открила таа, мислејќи на Фабрицио Корона.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram