(ФОТО) Белучи со длабоко деколте ја фрли Венеција во транс: Ретко ја гледаме во вакво ИЗДАНИЕ – покажала што е вистинска женска убавина

Моника Белучи на официјалното отворање на 81. Филмски фестивал во Венеција пристигнала рака под рака со Тим Бартон, чиј филм „Beetlejuice“ официјално ќе ја отвори Мострата. Несекојдневната двојка ги координирала своите комбинации, а двајцата биле облечени во црно од глава до пети.
За црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција, Моника Белучи се одлучила за елегантен црн фустан со пуфнасти ракави кој имал прилично длабоко деколте. Таа изгледот го комплетирала со чевли од превртена кожа со високи потпетици, големи очила за сонце и тиркизна огрлица.


Инаку, Моника со години е верна на минималистичкиот стил во кој владее црната боја и прилично едноставните парчиња облека, но овој пат би се кажало дека направила мала разлика со необичен горен дел од креацијата.


Тим Бартон избрал класичен, елегантен костум во црна боја, дополнувајќи го со црна кошула и вратоврска, а тука биле и неговите незаменливи очила со сини стакла.

Извор и фото: zena.blic.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Рецепт за КОХ ОД ОРИЗ: Древен деликатес кој се пренесува од генерација на генерација 

За кох од ориз, потребни ви се состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата …