(ФОТО) „Banana bread“ колач на Тања Станковиќ

Познато е дека нашата пејачка Тања Станковиќ со нејзиниот сопруг Игор Димовски (исто така музичар) со години живее и работи во Америка. Па, бидејќи е вегетаријанка со нас го подели нејзиниот омилен рецепт за колач – посен.Станува збор за познатиот „Banana bread“. Во продолжение ви го донесуваме рецептот на Тања.
Состојки
1 шоља шеќер
1/2 шоља путер или маргарин
3 многу зрели банани
2 големи јајца
1 лажичка екстракт од ванила
2 шољи брашно
1 прашок за печиво
ореви
Подготовка: сувите состојки (брашно, шеќер печиво) ставете ги во еден сад и измешајте. Бананите испасирајте ги со вилушка. Изматете ги јајцата, додајте путер, ванила, пасираните банани. Во хомогената смеса додајте ги сувите состојки, убаво измешајте и префрлете во долг и висок калап обложен со хартија за печење.По површината нафрлете ореви.
Ставете во рерна загреана на 180 степени и’ испечете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …