(ФОТО) АТРАКЦИЈА – ПОДЗЕМЕН ГРАД: Фасцинантна мрежа на тунели кои ги спасиле жителите на Малта во Втората светска војна


Едно од интересните места на Малта е Ласкарис, подземен комплекс од тунели и соби од Втората светска војна.

Порано служеле како воен штаб, каде што се разговарало за тактиката поврзана со одбраната на островот и разни операции, а подоцна просторот бил искористен од НАТО. Денес, Ласкарис е отворен за јавноста и служи како музеј кој дава увид во времето на војната.


Подземната мрежа се наоѓаше на приближно 45 метри во Валета и почна да го добива денешниот изглед за време на опсадата на Малта. Шетајќи низ градските градини, ќе се најдете над подземниот лавиринт кој бил завршен во 1943 година.
Сместена помеѓу Сицилија и Тунис, Малта беше стратешки исклучително важна како британска колонија во Втората светска војна и одиграла значајна улога во освојувањето на северноафриканскиот фронт. Токму поради тоа настрадала за време на бруталните бомбардирања – повеќе од три илјади бомби боиле фрлени на Малта за две години. Жителите на Валета барале заштита токму во подземни засолништа, а некои од нив дури и ја прошириле мрежата на тунели копајќи свои, за да обезбедат место за намирници.


По војната, малтешките тунели паднаа во втор план, се до 2009 година, кога беа откриени при археолошки истражувања за изградба на нова гаража за паркирање. Денес, некои од нив се обновуваат, но многу се уште мирно лежат под градот.
Во Ласкарис можете да ја видите просторијата од која се следеле воздушните операции, а таму можете да дознаете повеќе за уредите што се користеле за кодирање на тајните пораки. Ако ги посетите подземните тунели, ќе дознаете и како генералот Ајзенхауер, адмиралот Канингем, генералот Монтгомери и воздушниот маршал Тедер ги користеле воените соби во јули 1943 година, каде што ја планирале операцијата Хаски – инвазијата на Сицилија. За време на војната, во Ласкарис работеле и преговарале околу 1.000 луѓе, меѓу кои и 240 војници.

По војната, Ласкарис станал седиште на Кралската морнарица, а во 1967 година комплексот бил преземен од НАТО за да се користи како стратешки комуникациски центар за пресретнување на советските подморници во Средоземното Море. Десет години подоцна беше затворен за да биде отворен денес и ги фасцинира сите оние кои ги интересира воената историја, но и самата појава на моќен подземен лавиринт.

Извор:punkufer.dnevnik.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) НАПРАВЕТЕ КОЛАЧ ОД СОНИШТА: Секој го бара токму овој рецепт

Најкремастиот десерт што се јаде за 15 минути Потребно е: 10 белки 250 г шеќер …