(ФОТО) Анита била на работ на живот и смрт: По трауматичното искуство живее по овие 12 правила и би ги препорачала на сите

Нејзината порака е дека е неопходно е силно и со сето срце да се сакаме себе!
Анита Мурѓани, во завршна фаза од лимфомот, паднала во кома, доживеала длабоко сознание, а потоа и чудесно исцелување. Во својата книга „Повторно родена“, таа детално го опишува своето искуство и што значи да се живее автентично и без страв. Нејзината порака е дека е неопходно силно и со сето срце да се сакаме себе!
„Им удоволував на другите, ги ставав на прво место и се плашев да бидам автентична. Се обидував да бидам некој што не бев и се исцрпував себеси работејќи за другите. И секогаш мислев дека е себично да ги следам моите потреби бидејќи потребите на другите луѓе беа поголеми и поважни.Меѓутоа, кога сум јас остварена тогаш сум поздрава, посреќна, повеќе давам, а потребно ми е помалку. Исто така ми е јасно дека ако постојано е обидуваме да бидеме некој кој не сме планетата ја лишуваме од самите себе“.


Со овие зборови, Анита ја започнува својата трогателна исповед за чудесното исцелување кое и донело длабоки сознанија и го променило нејзиниот став кон животот. Имено, во февруари 2006 година, Анита била примена во болница во терминална фаза на рак. Таа паднала во кома и и откажале сите органи. Докторите на нејзиното семејство му кажале дека и остануваат само уште неколку часа живот. Но, она што никој од присутните не го знаел е дека Анита токму во тој момент имала неверојатно искуство блиску до смрт (near-death experience, NDE).
Во таа состојба, таа можела да гледа, слуша и почувствува се што се случува околу неа. Таа имала ретко искуство. Таа преминала на „другата страна“, како што вели, и се вратила да сподели со нас што научила. Тоа утро, лекарите ѝ предвидувале само уште неколку часа живот, а таа се разбудила веќе следниот ден. Неколку дена подоцна ракот целосно исчезнал.


Во интервјуто кое и го дала на писателката Џенифер Пастилоф, Анита непретенциозно и шеговито го споделила она што го научи од нејзиниот NDE:

1. Не го сфаќајте животот премногу сериозно.


2. Јадете чоколадо.

3. Почувствувајте ја својата величественост.

4. Јадете уште чоколадо.

5. Уживајте во животот и правете го она што ви носи радост.

6. Нека вашето секојдневие биде исполнето со она што ве прави среќни, а не со она што мислите дека треба или што другите мислат дека треба да го правите.

7. Живејте страсно и со многу љубов, а не во страв од неуспех.

8. Започнете го секој ден со песната на АББА – Dancing Queen (или друга ваша омилена) и пејте.

9. Смејте се на себе секој ден (колку повеќе тоа го вежбате, толку побрзо ќе стигнете до нирвана).

10. Со секој поглед во огледало, потсетете се дека сте совршено Божјо дете, кое е тука да биде верно на себе. Вашата единствена цел е да живеете она што сте. Во обидот да бидете некој друг, вие го лишувате универзумот од себе.

11. Не грижете се премногу за тоа дали сте во право. Кога нашата единствена цел е да бидеме свои, тешко дека можеме да погрешиме.

12. Започнете го секој ден со јасна намера, оставајќи ги зад себе вчерашните емоции. Секој ден е празно платно на кое можеме да насликаме се што ќе посакаме. Значи, наш е изборот дали да го насликаме нашето платно со радост, љубов и смеа или со страв, гнев, жалење, вознемиреност и грижа.

Фото: Youtube / Neno L.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …