Поранешната руска тенисерка Ана Курњикова минатиот викенд пријатно ја изненади јавноста објавувајќи слика од своето семејство на својот Инстаграм профил. „Среќен Ден на татковците на мојот маж Енрике Иглесијас! И на сите татковци!!!” напишала и предизвикала многу убави коментари под нејзината објава.
View this post on Instagram
Ана и Енрике го чуваат својот приватен живот за себе, далеку од очите на јавноста. Токму поради оваа причина, овој нејзин потег ги воодушевил нивните фанови, што го покажале и во коментарите под објавата.
View this post on Instagram
Парот е заедно од 2001 година, имаат три деца, но и покрај тоа никогаш не се венчале. „Никогаш навистина не мислев дека бракот ќе значи нешто. Не можеш да сакаш некого поради парче хартија. Во денешно време не е табу да имаш деца и да не си во брак”, изјавил во една прилика познатиот пејач.
Фото: Принтскрин/Instagram