(ФОТО) Алан од серијата „Два и пол мажи“ денес е непрепознатлив, а повеќе не сака да работи со Шин

Актерот Џон Крајер, најпознат по улогата на Алан Харпер во хит серијата „Two And a Half Man“, денес изгледа значително различно од ликот што го играше во ситкомот цели 12 сезони.
Крајер почнал да ја губи косата за време на снимањето на хумористичната серија, а екипата на серијата се обидувала да ја прикрие на различни начини, како што се разни спрејови за коса, перики и топ.


Откако завршило снимањето, Крајер целосно го променил својот имиџ и ја прифатил ќелавоста.
Џон соработувал со Чарли Шин осум сезони од серијата, пред Ештон Качер да ја преземе главната улога во серијата во 2011 година.
Кога претходно оваа година се појавија гласините за римејкот на „Two And a Half Man“ со оригиналната екипа, Крајер рекол дека повеќе не сака да има работа со Чарли.


„Во времето кога ја снимавме ‘Два и пол човек’, Чарли беше најплатениот актер на телевизија. Сепак, тој успеа сето тоа да го расипе, што ве тера да размислувате. Го сакам, му посакувам се најдобро, но не би можел повторно да соработувам со него“, рекол тој во ток-шоуто The View.
„На Чарли сега му оди многу подобро, што е одлично. Тој и јас не разговаравме неколку години, но мило ми е што му оди подобро“, додал Крајер, кој претходно во едно интервју споделил како тој и Шин имале одлични односи на почетокот на снимањето на серијата, но работите се искомплицирале кога тој почнал да се дрогира.
Инаку, Џон заработувал околу 550.000 долари по епизода, а денес неговото богатство се проценува на околу 70 милиони.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …