(ФОТО) Актерката Ристиќ обвинета за расизам и ксенофобија


Обвинението е заради навредливи коментари на социјалната мрежа Фејсбук насочени кон ромската заедница.
Актерката Ирена Ристиќ е осомничена за предизвикување омраза на национална, верска и друга дискриминирачка основа. Јавното обвинителство ја повикало на распит на 13 октомври како осомничена. Поканата Ристиќ самата ја објави на фејсбук профилот.
Во дописот од јавното обвинителство стои дека Ристиќ се повикува во својство на осомничена. Обвинението е заради навредливи коментари на социјалната мрежа ФБ насочени кон ромската заедница.

Ристиќ тогаш напиша:
„Циганите (поради некоја политичка, или не знам каква, коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи… паѓа! Циганите собираат сè што до претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бесознание… Од тука па натака, следевте низ нашите објави… Коњот не е куче, нема да може да преживее со три нозе…“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската …