Адела Нориега е едно од најпрепознатливите имиња во светот на латиноамериканските теленовели. Таа ја започна својата кариера во раните тинејџерски години, појавувајќи се во реклами и музички спотови. Првата значајна улога ја доби во теленовелата „Juana Iris“ во 1985 година, но меѓународната слава ја стекна благодарение на главната улога во серијата „Quinceanera“ од 1987 година.
Во текот на 1990-тите и 2000-тите, актерката Адела Нориега стана синоним за успешни теленовели. Нејзините најпознати улоги вклучуваат проекти како „Maria Isabel“, „El privilegio de amar“ и „Amor real“. Во овие серии Адела често глумеше ликови кои се борат со тешки животни околности, но во исто време се карактеризираат со сила, храброст и решителност.
View this post on Instagram
Нејзината способност да пренесува емоции и да прикажува сложени женски ликови ги освои срцата на милиони гледачи ширум светот. Меѓутоа, кога се чинеше дека е на врвот на славата, во 2008 година, Адела Нориега се повлече од светот на актерството, откако го заврши снимањето на теленовелата „Fuego en la sangre“.
View this post on Instagram
Оттогаш, малку се знае за нејзиниот живот. Нејзините обожаватели се уште се надеваат на нејзиниот камбек, но се чини дека Адела решила да живее повлечено, далеку од рефлекторите.
За нејзиното повлекување кружат различни теории. Една од најпознатите гласини го поврзува името на Адела со поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас де Гортари. Медиумите тврдеа дека актерката била во врска со него и дека наводно го родила неговиот син, но оваа информација никогаш не била потврдена. Адела никогаш не се огласила за овие приказни, што само дополнително ја разгорело љубопитноста на јавноста.
View this post on Instagram
„Тоа го кријат бидејќи Карлос се оженил со Ана Паула Џерард кога Адела го родила неговото дете. Тој тоа никогаш не и го признал на сопругата, иако таа неколку пати го прашала дали е вистина”, рекол еднаш извор близок до Карлос.
View this post on Instagram
„Беше пленет од нејзината убавина во 1988 година кога ја виде како глуми во теленовела. Веднаш му се јави на продуцентот и му рече да договори состанок. Иако таа одби, Карлос и се закани дека ќе влијае на нејзината кариера. Тој и рече дека мора да ги исполни сите неговите желби ако таа сака да се бави со глума. Откако го роди неговото дете ‘се погрижи да исчезне’ и и се закани дека никогаш повеќе не смее да се појави во јавност. Не знам со што и како ја уценуваше, но му успеа“, изјавила пријателка на Адела со која била блиска во 90-тите.
Адела денес има 55 години, а поради критиките дека изгледа многу постаро отколку што навистина е, се сомневале дека боледува од опасна болест и многу се шпекулирало за нејзиното здравје. Гласините тврделе дека боледувала од тешка болест, што нејзината сестра Рејна го негирала во 2020 година, наведувајќи дека Адела не боледувала од рак, туку од друга, помалку сериозна болест.
Фото: Принтскрин/Instagram