Бомбици со маслинки
Состојки:
500 г компири
100 г маргарин
100 г посен кашкавал
сол, црн пипер
маслинки
сусам
Подготовка:компирите сварете ги како за пире, испасирјте, додајте маргарин, рендан кашкавал, сол и црн пипер. Изладете па правете топчиња и во секоја ставајте по една маслинка без коска. Обликувајте ги топчињата и валкајте ги во пржен сусам. Украсете со круг маслинка.
По желба секое топче ставете го на посен крекер на кој претходно ќе ставите малку посен мајонез, да се залепи.
Бомбици со кикирики
Состојки:
50 – 100 г маргарин
150 г мелени (посни) переци
150 г мелени (посни) крекери
5 – 6 лажици мелени (печени) кикирики
100 г посен мајонез
Подготовка: пенесто изматете го маргаринот, додајте ги переците, крекерите, кикириките и мајонезот. Правете бомбици и валкајте ги во сечкани кикирики.
Ролат со туна и ајвар
Состојки:
2 листа за обланди
1 конзерва туна
100 г маргарин
50 г печен сусам
100 г варена пченка
4 – 5 кисели краставички
3 лажици ајвар
Подготовка:туната и маргаринот измиксирајте ги во блендер, додајте сусам, пченка, сечкани краставички и ајвар. Обландата ставете ја помеѓу две мокри крпи, да омекне. Потоа на обландата нанесете половина од филот и завиткајте ролат. Истото повторете го и со втората обланда. Ролатите до служење чувајте ги на ладно.
Полнет француски леб
Состојки:
1 француски леб
100 г маргарин
1 конзерва туна
100 г варена пченка
100 г варен морков
сол
Подготовка: францускиот леб исечете го на половина, по должина и издлабете ја средината и изронете. Маргаринот и туната изматете ги и додајте ја средината од лебот, пченка, морков и сол по вкус. Со смесата наполнете го лебот и оставете да се стегне.
Солени коцки од спанаќ
Состојки:
Кора:
23 лажици брашно
200 г спанаќ, варен и иситнет
100 мл масло
100 мл минерална вода
100 мл пиво
1 кесичка прашок за печиво
Фил:
100 г мајонез
100 г рендан кашкавал
50 г печен сусам
Подготовка: кора: во подлабок сад соединете ги брашното, печивото, сол, масло, пиво и кисела вода, додајте го спанаќот. Направете компактна смеса и истурете во плех од шпорет обложен со хартија за печење. Печете во рерна загреана на 180 степени. Испеченото и изладено тесто исечете го на три ленти.
Одвојте малку мајонез и кашкавал за горната кора а остатокот соединете го со сусамот и филувајте ги корите. Последната кора намачкајте ја со мајонез и украсете со рендан кашкавал. Оставете да се стегне и сечете на коцки.