Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот, според списанието „Форбс“.
Во изминатата година, 33.годишната ѕвезда заработила 40,5 милиони долари. Поголемиот дел од парите доаѓаат од учество во „Одмаздниците“.На второ место на листата е Ангелина Џоли со 28. милиони долари, следена од Џенифер Анистон со 19,5. милиони долари.
Понатаму во рангирањето се добитничката на „Оскар“, Џенифер Лоренс со 18. милиони долари, Рис Витерспун. со 16,5 милиони долари, Мила Кунис со 16. милиони, Џулија Робертс со 13. милиони, Кејт Бланшет со 12,5. милиони, Мелиса МекКартни со 12. милиони и Гал Гадот. со 10 милиони долари.
Списанието ги пресметува заработените пари на актерките за периодот 1, јуни 2017. година – 1.јуни 2018. година.
Вкупно десетте најплатени актерки во светот во текот на овој период заработиле 186. милиони долари.