Денес во паркот „Ѓорче Петров“, од 12-14.00 часот ќе биде реализирана III Манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”, под покровителство на Општина Ѓорче Петров.
Станува збор за фолклорна манифестација на која три години во континуитет, по седум детски ансамбли од културно уметничките друштва го презентираат нашето богато фолклорно наследство, со цел да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традицијата …
Овогодишни учесници се членовите од детските ансамбли на :
– КУД „ Гердан од бисери“-Охрид,
– Ансамбл „ Керамичар“- Велес,
– КУД „ Димитар Беровски“, Берово,
– Ансамбл „ Орце Николов“Скопје
– Ансамбл „ Јонче Христовски“, Скопје
– ЕФЗ „ Седум осмини“, Скопје
Манифестацијата е во организација на едукативното фолклорно здружение ,,СЕДУМ ОСМИНИ “- Ѓ. Петров, Скoпje, кое постои од 2015 година.