Филмска вечер в среда пред Рамстор Мол

Општина Центар и Рамстор мол ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа оваа среда на 12 јуни со почеток од 19ч организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар Рамстор Мол. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и Рамстор Мол  ги покануваат граѓаните на филмско дружење под отворено небо.

Ги покануваме граѓаните да ни се придружат. Влезот е слободен. Ќе има lazy bags и столчиња со капацитет до 150 места за седење. Кино Рамстор ќе го отвораме со два документарни филма од областа на екологијата „Текстилна планина“ и „Велосипедски приказни“, а по нив ќе биде прикажан филмот „Француски бакнеж“. Ве очекуваме на филм, пуканки и добра забава со диџеј Alexandar Nk“,.


На 12ти Јуни, донесете го семејствто и пријателите на незаборавно искуство.

Проекциите на еко филмовите се дел од проектот „Младински активизам за позелени општини“ на Општина Центар, кој е поддржан од делегација на ЕУ, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НИШТО НЕ Е КАКО ШТО ВЕРУВАВМЕ? Познат руски лекар го разбил митот за појадокот

Дали прескокнувањето на појадокот е добро за вашето здравје? „Дајте му го појадокот на непријателот, …