Филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изина 20. октомври во Кинотека по повод 15 години од премиерата

На 20 октомври (четврток), во Кинотеката на Македонија,со почеток во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера. Дебитантскиот долгометражен игран филм на Иванов, „Превртено“ (Upside Down) најпрвин беше прикажан во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари,каде што беше во конкуренција за наградата „East of West Award“, а подоцна ја освои и Наградата за најдобра режија на фестивалот во Валенсија- Mostra de Valеncia-Cinema del Mediterrani.

This image has an empty alt attribute; its file name is Prevrteno-2.jpg
Филмот „Превртено“ ја имаше македонската премиера на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во 2007 година и претставува еден од последните македонски играни филмови снимени на 35мм лента. Филмот е работен според романот „Папокот на светот“ на ВенкоАндоновски (кој е и косценарист на филмот). Продуциран е со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија, Министерството за култура на Р. Хрватска, Министерството за култура на Р. Србија, The Global Film Initiative и МРТВ. Продуценти се „Секторфилм“ – Скопје, Mainframe Production и Cinears.
Повторното прикажување на „Превртено“ по повод 15 години од неговата премиера ќе се случи во чест на починатиот македонски актер Синиша Кајевски, кој во декември минатата година, на 39-годишна возраст прерано го заврши животот. Токму Кајевски ја толкува една од главните улоги во филмот, заедно со Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски и Инес Бојаниќ. Споредните ролји ги играат Силвија Јовановска-Стојановска, Петар Мирчевски, Лабина Митевска, Камка Тоциновски итн.Продуцент е Владимир Анастасов, директор на фотографија е Томи Салковски, монтажер е ИгорАндреевски, сценографијата е наИван Бартлинг и Игор Тошевски, костимите на Бланка Будак, а музиката ја компонираше Зоран Спасовски. Копродуценти на филмот се Игор А. Нола и Милко Јосифов.


This image has an empty alt attribute; its file name is Prevrteno-3.jpg
„Превртено“ е приказна за Јан Лудвик, млад човек кој ѝ припаѓа на загубената транзициска генерација во нашето општество – генерација родена во социјализмот, но живее и е сведок на рудиментарниот капитализам. Неговиот анархичен став кон животот го доведува до без излезни ситуации, во кои не може да се реализира себеси. Меѓутоа, додека вистинските анархисти дејствуваат и ја менуваат свеста на својата околина преку акции, Јан можеби знае што не сака, но не знае што сака- момент што го става во позиција на „изгубен лик од нашата околина“.

This image has an empty alt attribute; its file name is Prevrteno-4-1.jpg
Се работи за урбана приказна, раскажана преку колоквијален говор, за животот на младите луѓе во Скопје, на почетокот на деведесеттите години на XX век, во периодот на почетокот на транзицијата, во која се вклучени повеќе елементи што се симбол на поп-културата: рок музика,стрипови,употреба на лесни дроги. Приказната, со интересно имплементирани фантастични елементи е раскажана преку гледната точка на главниот лик Јан, во еден вид на реминисценција- сеќавање на неговото минато, додека тој патува дома со воз, а всушност – тоа е духот на Јан, односно неговата душа, која го придружува неговото мртво тело на патот кон дома – се сеќава на својот живот: средношколецот Јан, кој живее со татко си, нема некои конкретни,помали или поголеми амбиции во животот. Неговиот другар Павел е нешто повеќе заинтересиран да успее во животот, а Луција, нивната соученичка, е мистериозна девојка со која Јан се обидува да оствари врска. Тоталитарното влијание на политиката врз животот на младите луѓе е претставено преку инсистирањето за зачленување во владејачката Партија на националниот дух, што Јан го одбива, додека Павел и Луција се зачленуваат. Заради одбивањето да се вклопи во доминантната матрица, Јан е санкциониран од „невидливите“ општествени темни сили, прво со ќотек, а потоа и со обид да биде обвинет за убиство, по што тој ја напушта земјата и заминува со циркусот што престојува во неговиот град.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Чудесна терапија“ вечерва во Драмскиот Театар во Скопје

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Драмскиот Театар во Скопје, ќе биде изведена претставата …