Европски денови на културно наследство 2023

Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес.

Во септември, секоја година,, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и унапредувањето на наследството за сегашните и идните генерации.


Живо наследство

Овогодишната тема на Европските денови на културно наследство е „Живо наследство“.


„Живо наследство“ се однесува на практиките, знаењата и вештините кои се пренесуваат од една генерација на друга, а се користат и денес. Различни вештини, занаети и професии ни овозможуваат да го одржуваме и зачуваме нашето наследство на многу начини. Оваа тема ни дава можност да погледнеме одблизу на работата што ја вршат чуварите на нашето наследство, токму благодарение на луѓето кои го пренесуваат своето знаење на идните генерации.

Традиционално, Националната галерија е дел од манифестацијата. На 29ти септември 2023, во просториите на Чифте амам се реализираше работилница за деца посветена на делото на Дичо Зографот. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културно наследство (22-29 септември 2023). На работилницата учениците од ОУ „ Невена Гергиева Дуња“, Скопје имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19тиот век. Работилницата течеше преку разговор и креативна активност-боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зографот и неговата тајфа.


Автор на боенката е Анета Гергиевска Шајн, историчарка на уметност која што веќе неколку децении живее во САД.

Културното наследство во едукацијата е еден од мотивите за разбирање на историјата и подигнување на свеста за неговото значење.

Едукатор, Маја Димитрова

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …