ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ СЕМКИ ОД ТИКВА: Тие се чист извор на здравје и полни со витамини

Еве зошто треба да јадете семки од тиква, ужина од која не можете да се заситите, а е добра за вашето здравје
Семките од тиква се користат илјадници години за медицински цели. Богати се со магнезиум, калциум, железо, цинк и витамин К. Богати се со омега-3 масни киселини, кои се неопходни за телото да го одржува срцето и да го регулира крвниот притисок. Еве што друго ги прави семките од тиква одличен избор за закуска.

Семките од тиква го подобруваат расположението
Научниците открија дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија. Тие се одлични за намалување на стресот и анксиозноста.


Ги ублажува симптомите на менопауза
Ако барате природен начин да го подобрите вашето расположение или да ги олесните симптомите на менопаузата, семките од тиква се одличен избор. Ги регулира топлите бранови, главоболки, ја намалува болката во зглобовите и ја намалува зачестеноста на наглите промени на расположението. Научниците докажаа дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот (HDL) холестерол и го регулираат крвниот притисок.


Го намалува холестеролот
Истражувањата покажаа дека семките од тиква можат да го намалат холестеролот за 13%. Исто така, овие семки го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочен и срцев удар.

Семките од тиква штитат од дијабетес
Семките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини. Тие се добри во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на телото на инсулин. Многу експерти им препорачуваат на дијабетичарите семки од тиква како храна што треба да ја јадат секој ден.


Ја спречува појавата на остеопороза
Луѓето кои имаат недостаток на цинк треба да размислат да почнат да грицкаат семки од тиква. Богати се со цинк, минерал потребен за градење на коските. Само 1/4 чаша семки од тиква содржи дури 17% од препорачаната дневна вредност на цинк.

Добро е за слабеење
Овие семки се богати со влакна и протеини. Само 30 грама семки од тиква имаат околу 5 грама протеини, кои ќе ве одржат подолго време посити. Сепак, тие треба да се јадат умерено бидејќи една чаша семки содржи околу 285 калории.

Ги ублажува симптомите на артритис
Научниците откриле дека семките од тиква имаат антиинфламаторно дејство кое ги ублажува симптомите на артритис. Ако имате проблеми со артритис, јадете до 30 грама семки од тиква секој ден.

Добро е за лекување на зголемена простата
Маслото од семки од тиква се користи за лекување на зголемена простата (хиперплазија). Ова масло содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободните радикали во телото и го спречуваат создавањето на канцерогени клетки.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Охридски

Свети Григориј, епископ Охридски, е истакнат православен светец и духовник од средновековниот период, кој ја …