Еве какво време не очекува до крајот на оваа недела


Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег, информира Попоски.

До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.


Што се однсесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени. Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕДИНСТВЕН ЗБОР КОЈ ИМА ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ВО СИТЕ ЈАЗИЦИ: Експертите го сметаат овој израз за „мост“ помеѓу различните култури

Комуникацијата во странска земја може да биде огромен предизвик, особено кога не го познавате локалниот …