Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер: Моќен антиоксиданс за свеж и сјаен изглед за само 7 дена

Eucerin® – експертот во медицинската нега на кожата, ја откри својата последна иновација – HyaluronFillerВитамин Ц Бустер. Серумот комбинира три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, активираниот витамин Ц се меша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина ги пополнува брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. При секојдневна употреба кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува.

Прекумерното изложување на сонце, загадувањето на воздухот, забрзаниот модерен начин на живот влијаат на нашето здравје. Како што знаеме, секојдневна доза на витамин Ц докажано го подобрува здравјето и се бори со првите симптоми на некои сезонски заболувања. Освен што го зајакнува имуниот систем, важна придобивкаод витаминот Ц е што ѝ помага на кожатаво борбата против штетните влијанија предизвикани од слободните радикали.


Освен тоа што кожата трпи последици од начинот на нашиот животен стил, потребите на кожата со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи основните состојки кои ја прават мазна, цврста и еластичнапобавно се надополнуваат.На пример, се намалува количината на создадена хијалуронска киселина и се намалува синтезата на колаген. Освен тоа, влијанието на слободните радикали го забрзува стареењето на кожата. Како резултат на тоапочнуваат да се појавуваат фините линии и брчките,а кожата го губи својот младешки изглед.


Колагенот е одговорен за тонусот на кожата, а витаминот Ц е клучен фактор во синтезата на колагенските влакна.Истовремено тој е и многу моќен антиоксиданс и помага во заштита на кожата од негативното влијание на оксидативниот стрес и слободните радикали. Ова значи дека витаминот Ц е од суштинско значење за одржување на кожата во добра состојба. За жал, нашата кожа не може сама да произведувавитамин Ц, па ние треба да ѝго обезбедиме, а со локално нанесување на витамин Ц на површината на кожата, тој делува директно таму каде што е потребно.

Новиот Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустеробезбедува бројни придобивки за кожата, на пример заштита од надворешните штетни влијанија и пополнување на брчките одвнатре. Како резултат на тоа кожата изгледа посвежа и посјајна по само седум дена употреба, а со текот на времето ефектот продолжува да се подобрува.


Комбинација од активни состојки за висока ефикасност и одлични резултати

Тајната на ефикасностана новиот производEucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустере во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А.

Благодарение на иновативниот концепт на пакување, прашокот витамин Ц е одделен од формулата сè до првата апликација, кога се активира со притискање на мекото дно на вијалата.Со протресување на вијалата се спојуваат активните состојки и формираат серум којшто со својата моќ ја заштитува кожата од оксидативен стрес. Бустерот го користи чистиот витамин Ц во активна форма. Многу често користените деривати на витамин Ц покажуваат антиоксидантни ефекти само на површината на кожата или треба прво да се трансформираат од кожата за да навлезат во нејзините горни слоеви.За разлика од нив, чистиот витамин Ц не треба да се конвертира за да биде целосно активен. Ликохалкон А го подобрува ефектот од дејството на витаминот Ц и дополнително ја заштитува кожата од влијанието на УВБ, УВА зраците и високоенергетскатавидлива (HEVIS) светлина. Ликохалконот А ја смирува кожата, што го прави серумот погоден дури и за чувствителна кожа. Покрај тоа, нискомолекуларната хијалуронска киселина во серумот продира подлабоко во епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат подлабоки брчки.

Секојдневна употреба за видливи резултати

Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот којшто содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% има оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, а го поднесува одлично дури и чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Потребно е да се протресе пред употреба, за да се помеша правот со емулзијата и со тоа се активира витаминот Ц кој моментно ја покажува својата моќ. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Fillerили помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.

Eucerin®HyaluronFillerВитамин Ц Бустер

Достапен е во 2 вида опаковки:

Единечна опакова за 7-10 дена која содржи 1 вијала од 8 мл: х денари.

Тројна опаковка за 24-30 дена која содржи 3 вијали од 8 мл: х денари.

– Докажана ефикасност: ја зајакнува кожата, ги пополнува и измазнува брчките

– За посвежа, сјајна и мазна кожа.

За производите од линијатаHyaluronFiller

Кога кожата старее, количината на природно произведената хијалуронска киселина во неа се намалува и како резултат на тоа започнуваат да се формираат површински фини линии и подлабоки брчки. Повеќето производи од линијата Eucerin®Hyaluron-Filler коишто се клинички испитани, содржат комбинација од хијалуронска киселина со висока и ниска молекуларнатежина, како и супстанцијата глицин-сапонин којашто докажано ја помага природната синтеза на хијалуронска киселина во кожата. За оние луѓе кои сакаат да се справат со фините линии и брчки, линијата Eucerin®Hyaluron-Fillerкомбинира моќен ефект на пополнување на брчките со одлична подносливост од кожата. Новиот производ Hyaluron-FillerВитамин Ц Бустер ја дополнува успешната Hyaluron-Filler линија, комбинирајќи го докажаниот концепт на Hyaluron-Fillerсо формулата со непосредно активиран витамин Ц за подмладен и сјаен изглед.

 

За Eucerin®

Пред повеќе од 100 години откриене Eucerit – основа за лековитиот мевлем, којшто создава револуција вонегата на кожата. Од тогашEucerin® е пионер во медицинската наука и иновациите. Денес Eucerin® предлага палета на високоефикасни производи за нега на кожата и продолжува да претставува ефикасни и надежни решенија во таа сфера. Дермо-козметичките производи се разработени на основа на последните научни достигнувања и помагаат за здрав и сјаен изглед на кожата. Поради таа причина, глобално брендот е еден од најнадежните вонегата на кожата и е препорачуван од дерматолози и фармацевти низ целиот свет. За повеќе информации посетете нѐ на www.eucerin. int.и на FacebookMakedonija.

За Баерсдорф АД

Козметичката компанијаБаерсдорф АД се наоѓа во Хамбург, Германија и има околу 19 000 вработени по целиот свет. Продажбите за 2017 г. изнесуваат 7.1 милијарди евра. Компанијата е регистрирана воDAX. БрендотNIVEA, сопственост на компанијата, е најголемиот козметичкибренд во светот*. Други успешни марки во портфолиото на компанијата сеEucerin, Hansaplast/Elastoplast, LaPrairie. Баерсдорф има над 135 години искуство вонега на кожата и е познат по своите иновативни и висококвалитетни производи. Останатите брендови – Labello, Florena, 8×4, Hidrofugal, Аtrix, Aquaphor, SLEKи Maestro – успешно го дополнуваат богатото портфолио на компанијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Следната седмица многу турбулентна на Балканот и во Македонија, температури до 25 степени?!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Следната седмица доста турбулентна на Балканот, од Африка ни следува …