„МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: За викендот екстремно топло насекаде во Македонија – Очекуваме температури до 43 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Екстремно топлиот бран од Африка кој е проследен со екстремно висок Ув индекс во деновите пред нас ќе зема замав, па така секој ден ќе биде се потопло. Температурите речиси насекаде во Македонија ќе се искачат до, па и над 35 степени.


Во најтоплите централни и југоисточни предели температуририте особено за време на викендот ќе се искачат дури и до 43 степени. Ништо подобро нема да биде ни утре (четврток) како и во петок кога во овие краиште температурите повторно ќе се искачат до, па и ќе надминат 40 степени.

Во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа ќе надминува 40 степени.


Спороред моменталните прогностички материјали со кои располагаме, следната седмица ќе биде уште потопло па така температурите тогаш би можело да се искачат и до околу 45 степени.

Во Македонија денес е измерена највисока температура од 41 степен – Температурите во следните денови сеуште ќе растат
Денес најтопло со максимална дневна температура од 41 степен е измерена во Демир Капија, во Велес таа изнесуваше 40 степени, додека во Скопје максималната температура денес во 17 часот достигна до 37 степени. Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места во Македонија во 17 часот, и тоа на мерните станици на УХМР


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …