„Есмералда“  од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на НОБ на 7 февруари

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“  од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на  Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски.


Приказната за страста, љубовта и трагедијата  на нашата сцена ќе ја изведат: Христина Наќевска Митрашиновиќ, во улогата на Есмералда, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) во улогата на Феб,  Наташа Трендафилова Гицев во улогата на Флер де Лис, заедно со првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.  

Балетот „Есмералда“, познат по својата техничка сложеност ги истражува длабочините  на човечките емоции, додека истовремено нуди спектакуларни танцови изведби кои го задржуваат вниманието на публиката. Оваa изведба ќе создаде незаборавно балетско искуство и ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за судбината, љубовта и жртвите што ги носи животот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Ефрем Сирин

Роден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост …