Здружението за локален и рурален развој „Ума Сто“, ве поканува на Есенското пазарче. Настанот ќе се одржи денес, во Ново Село-Куманово со почеток во 10:00 часот.
– Кај нас ќе најдете свежи сезонски производи, но и домашни туршии, ајвари, сокови, слатка, мармалади, сувомесни производи, мед, домашни јадења, рачно изработени тестенини и уште многу други вкусни изненадувања.
– Ќе можете да си изнајмите и велосипед и да ги разгледате знаменитостите на Ново Село и Умин Дол на две тркала
– Најмалите ќе може да се занимаваат на работилница со природни материјали.
– И малите и големите ќе може да се сликаат во нашето есенско фото катче….
– Доколку сакате да си го донесете и својот четириножен миленик, ќе треба сами да си го анимирате. Само, сакаме да ве известиме дека на локацијата нема улични кучиња.
– На самата локација имаме ограничен број на паркинг места и затоа би ве замолиле да ги оставите колите неколку стотини метри подалеку долж регионалниот пат и да дојдете на настанот пешки.
Ве очекуваме заедно да уживаме во локалните вкусови и да создаваме убави спомени, се вели во објавата на организаторот на овој настан.