Разводот ретко се случува ненадејно, а најчесто му претходи постепено емоционално отуѓување. Препознавањето специфични знаци може да ви помогне подобро да ги разберете ситуациите и да се подготвите за она што доаѓа.
Психолозите често истакнуваат дека луѓето ги игнорираат првите знаци на проблем, надевајќи се на промена, но соочувањето со реалноста може да го олесни процесот на приспособување.
Ако вашиот партнер сè помалку ги споделува своите чувства, проблеми и планови, тоа може да биде знак дека емотивно се повлекува. Во овие случаи, комуникацијата и разговорите се сведуваат на неопходни теми, а сериозните разговори за иднината се избегнуваат или завршуваат без јасни одговори. Сето ова може да значи дека партнерот веќе психички го напуштил бракот и не гледа смисла во понатамошното градење на врската.
„Еден од најјасните знаци дека бракот е при крај е емоционалното повлекување. Кога партнерот ќе престане да споделува чувства и ќе избегне конфликт, тоа често значи дека тие веќе психички се оддалечиле од врската”, вели експертот за брачни односи д-р Џон Готман.
Партнерот кој размислува за развод, често ги менува своите навики и поминува повеќе време надвор од дома, станувајќи се повеќе преокупиран со работа, хоби или друштво во кое не е вклучен нивниот сопружник. Покрај тоа, интимноста се намалува, а чувството на блискост се заменува со студенило и рамнодушност. Доколку забележите дека повеќе не сте дел од плановите на партнерот и дека вашето присуство изгледа несакано, тоа може да биде знак дека тој се оддалечува од вас.
Исто така, психолозите ја нагласуваат важноста од соочување со реалноста наместо да се негира проблемот, а разговорот со професионалец може да помогне во разбирањето на емоциите и донесувањето на понатамошни одлуки.
„Разводот не е само крај на бракот, туку и можност за нов почеток. Клучот е прифаќање на промените, разбирање на личните емоции и наоѓање начини да се обновите себеси внатре”, тврди психотерапевтката д-р Естер Перел.
Прифаќањето на ситуацијата не значи откажување, туку препознавање на вашите лични потреби и градење иднина во која ќе се чувствувате емотивно постабилно. Барањето поддршка од семејството и пријателите и фокусирањето на личниот развој може да го олесни овој тежок период и да ви помогне да најдете нови животни цели.
Фото: Архива