Експертите тврдат – Кои се најчестите квалитети на добрите партнери: Жените особено ги ценат


Во љубовните врски и браковите, многу луѓе имаат свои приоритети и квалитети што ги бараат кај партнерот.
Сепак, одредени особини се секогаш пожелни, и кај жените и кај мажите.

Експертите велат дека чесноста е еден од најдобрите показатели за среќата и успехот на вашата врска. Тие исто така веруваат дека партнерите кои остануваат заедно ја ценат чесноста, дури и кога вистината е непријатна. Покрај тоа, ако вашиот маж не сака да лаже и не треба да измислува оправдувања за своите зборови и постапки, тогаш големи се шансите дека сте ја пронашле вистинската личност.


Исто така, жените сакаат маж на кој секогаш можат да се потпрат и кој нема да ги разочара. Без оглед на тоа дали ви треба друштво или рамо за плачење, маж кој ветува дека ќе биде тука за вас ќе го одржи своето ветување, а таквата личност треба да биде заштитена.


Покрај тоа, емпатијата е способност подобро да се разберат мислите, емоциите и погледот на светот на друга личност. Маж кој е емпатичен може да се стави во позиција на својата партнерка, а тоа му помага подобро да ја разбере, да не ја осудува и да изгради подобар однос со неа. Кога ѝ пристапува на саканата личност на емпатичен начин, тој покажува дека се грижи за неа, но и за сè низ што таа поминува.

Покрај тоа, автентичноста е свесна состојба во која човекот живее и донесува одлуки во согласност со своите вредности, верувања и идентитет. Ова подразбира доследност во однесувањето, искреност кон себе и кон другите, но и прифаќање на сопствените недостатоци. Жените сакаат да бидат со мажи на кои можат да им веруваат.


Чувството за хумор често е високо на листата на посакувани особини кај мажите, а тоа не значи дека жените нужно сакаат мажи кои не сфаќаат ништо сериозно, туку мажи кои знаат кога да бидат сериозни, а кога да се шегуваат.

Фото: Pixabay

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон”

По 12-ти пат, Ладна го распиша детскиот ликовен конкурс за млади и креативни уметници. Овојпат …