Многу експерти мислат дека со одложување на алармот не добиваме никаква корист од дополнителниот одмор…
Се чини дека нема полошо чувство од алармот да се вклучи во раните утрински часови, особено ако надвор е студено и сеуште темно. Речиси сите го одложуваат алармот „уште пет минути“. Но, одложувањето на алармот нема никаков позитивен ефект, судејќи според мислењето на некои експерти.
Причината лежи во тоа што телото за ова кратко време не може да се врати во длабок сон, пишува Independent. Д-р Ден Арили ја поддржа оваа теорија, посочувајќи дека би било најдобро да станете веднаш штом ќе се вклучи алармот:
– Мора да станете во седум наутро, но алармот го поставувате во 6:40 и потоа го одложувате до седум или до 7:15 часот. Меѓутоа, ако упаднете во оваа „стратегија на одложување“, ги збунувате и телото и мозокот. Кога конечно ќе одлучите да станете, вашиот мозок сè уште дреме и веќе се чувствувате уморни, а пред вас е работен ден – објаснува доктор Ариели.
Фото: Архива