Blind Melon е американски рок бенд формиран во Лос Анџелес, Калифорнија од двајца музичари од Мисисипи и еден од Индијана. Тие се најдобро познати по хитовите “No Rain” од 1993 година, Soup, Galaxie и уживаа критички и комерцијален успех во почетокот на 1990-тите со нивниот нео-психоделичен алтернативен рок.
По објавувањето на двата албума на Капитал Рекордс и интензивните турнеи, бендот во 1995 година се распадна поради предозирање на главниот вокалист Шенон Хун во автобус додека бендот беше на турнеа. Во 2006 година, останатите членови повторно се собраа и регрутираа нов вокалист Тревис Ворен (од групата Rain Fur Rent), продуцирајќи трет албум, For My Friends (2008). За нивните планови, екипата на ЕКРАН.мк стапи во контакт со Тревис и успеа да обезбеди одговори на неколку прашања:
1. „ For My Friends “ е трет и последен студиски албум на Blind Melon. Поминаа повеќе од 10 години. Може ли да очекуваме нешто конечно ново?
Да, можете да очекувате нова музика! Ние веќе снимивме околу половина материјал и плнираме да го завршиме во ноември. Новиот албум ќе му конкурира на тоа што „Melon“ некогаш сопрел да го прави.
2. Вие сте на турнеја низ САД во моментов. Која е вашата следна дестинација? Дали Европа ве очекува?
Не можам искрено да одговорам на тоа, бидејќи немам никаква врска со букингот. По можност, би сакал да се вратам во Европа, Јужна Америка и да бидеме во можност да свириме во Австралија, Нов Зеланд и на друго место во светот.
3. Тревис си слушнал ли и што знаеш за нашата земја Македонија?
Па, искрено не знам апсолутно ништо за Македонија, бидејќи образовниот систем на Америка е „срање“. Ние знаеме за Кардашијанс и фудбалот.
4. Бевте регрутиран по смртта на претходниот пеач Шенон Хун. Дали си имал прилика да го запознаеш и како бендот тебе те избра како негова достојна замена?
Никогаш не сум го сретнал Шенон, бидејќи имав само 15 години кога почина. Но, можам да кажам дека Шенон беше мошне влијателен за мене на рана возраст и јас растев со неговите песни. Јас бев огромен фан на „Blind Melon“ во тоа време, и имав околу 12/13 години.
Што се однесува до тоа како ме избраа, се сретнав со Кристофер Торн и Бред Смит преку заеднички пријател ( Кевин Карвел од “Атлантик Рекордс” во текот на тие денови). Една работа доведе до друга и тука сум 12 години подоцна како пеам за „Blind Melon“. Тоа беше неверојатно патување. Навистина. Многу сум благодарен на тоа што го правам.
5. Приватниот живот ретко го спомнувате. Но, ете да пробам да ве прашам. Дали си во во брак, имаш ли деца? Слушнав дека си ја пронашол твојата љубов?!
Не, јас не сум “законски” оженет, но сум сеуште со мојата долгогодишна девојка, Тара 12 години. Таа е моја поткрепа. Таа буквално ми го спаси животот безброј пати. (Не се шегувам). Ние немаме „човечки деца“, но имаме „животни деца“ и тие се состојат од 3 коњи, две кози, 3 мачки, 1 куче и 1 патка.
6. Дали соработуваш со некои од вашите музички колеги од други бендови? Кои бендови најмногу ги слушаш?
Повеќето колеги во Америка деновиве се на сцената пуштајќи техно, вклучувајќи ги диџеите. Инаку сме свиреле со многу бендови. Ние обично се држиме до клубовите и фестивалите, па така бендовите обично најчесто соработуваат само со себе.
Инаку слушам Битлси, НИН, Елиот Смит, Цепелин, Дефтонес, Ролинг Стоунс, Радиохед, Пантера, Блек Сабат и многу, многу повеќе!