Во чест на 80 години слободна Крива Паланка, а во рамки на манифестацијата „Есенски музички вибрации”, Општина Крива Паланка ве поканува на 7-ми октомври, понеделник, со почеток во 20:00 часот, во НУ Центар за култура во Крива Паланка, на ексклузивниот концерт “Најубавите песни од Тоше Проески ” во изведба на Камерниот оркестар од Битола.
Единствена можност да ги слушнете безвремените песни на Тоше кои засекогаш остануваат во срцата.
Спомените за кривопаланечката историја и музиката на нашиот ангел Тоше заедно, во оригинална изведба на битолските музичари.
Влезот за оваа свечена вечер е слободен.
ekran платформа за слободоумни