Секојдневно се соочуваме со различни предизвици – било да се работи за обврски, финансиски проблеми, несогласувања во врските или други стресни ситуации.
Долготрајната изложеност на стрес може да предизвика физички и психички последици, како што се замор, исцрпеност, па дури и разни здравствени проблеми. Затоа е важно навреме да ги препознаете знаците на стрес и да научите како да му олесните на вашето тело.
Еден од начините да откриете колку сте под стрес може да биде со тестот развиен од јапонски невролог. Овој тест е едноставен, но многу ефикасен.
This *still* image was created by a Japanese neurologist. If the image is still, you are calm. If the image moves a bit, stressed, and if it moves like a carousel you are very stressed. Tell me how you are doing. pic.twitter.com/Y9V69nNRlL
— Rotem Cohen (@RotemCohen12345) November 23, 2019
Имено, треба внимателно да ја погледнете сликата. Ако сликата остане статична и мирна, тоа значи дека не сте под стрес. Меѓутоа, ако забележите дека сликата малку се движи, тоа покажува дека сте под одреден стрес. Ако сликата изгледа како да се врти или да се движи брзо, тоа е знак дека сте под голем стрес.
Овој тест може да ви помогне да го препознаете нивото на стрес и да одлучите кога е време да направите пауза и да се фокусирате на вашето здравје и ментално закрепнување.
Фото: Архива