Едукативната работилница во рамки на општественото-одговорна кампања на „Макпетрол“: „Крени глас против врсничкото насилство“


Општина Гевгелија, денес, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќе биде домаќин на едукативната работилница за наставници и родители во рамки на општественото-одговорна кампања на „Макпетрол“: „Крени глас против врсничкото насилство“. Покрај Општина Гевгелија, на оваа едукативна работилница ќе учествуваат и Општините Валандово, Дојран и Ново Село. Со работилницата ќе предводи популарниот актер Сашко Коцев, кој ќе биде придружуван од експертот и психолог, Деспина Стојановска.

По тој повод Општина Гевгелија и „Макпетрол“ ги покануваат: родителите, претставници од Советите на родители и сите оние кои се заинтересирани да присуствуваат на работилницата, сѐ со цел заеднички да се продискутира за оваа актуелна тема, како и за начините на препознавање и решавање на проблемите со врсничкото насилство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …