Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој десерт е совршен за вас.
Тигар колачот доаѓа во неколку верзии, а оваа е една од наједноставните.

Состојките што ќе ви бидат потребни се:
600 милилитри млеко
две кесички пудинг од чоколадо
шест лажици шеќер
100 грама маргарин
300 грама бисквити
150 грама чоколадо за готвење
три лажици масло
Подготовка:
За почеток измешајте го пудингот со шеќерот. Потоа додадете 12 лажици млеко и измешајте со пудингот и шеќерот.
Остатокот од млекото ставете го да се вари на тивок оган, а потоа додадете 50 гр чоколадо за готвење. Кога чоколадото ќе се растопи додадете ја смесата за пудинг и шеќерот. Варете додека смесата не стане густа. Кога пудингот е готов, тргнете го од оган и покријте го со најлонска фолија за да не се формира кора.
Кога пудингот малку ќе се олади додадете маргарин и убаво изматете. Потоа додадете ги искршените бисквити, убаво измешајте и смесата префрлете ја во калапот. Оставете го колачот да се стегне.
За глазурата растопете го остатокот од чоколадото со 3 лажици масло и прелијте го врз колачот. Оставете да се лади уште еден час, а потоа уживајте во овој брз и вкусен десерт.


Фото:Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …