Еден знак го чека СПЕЦИЈАЛЕН НОЕМВРИ: Нивните соништа се остваруваат и се оди како што замислиле

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Ним им следи посебен месец…
Познатиот руски астролог Тамара Глоба, чии прогнози се читаат и слушаат низ поранешните советски републики, неодамна се осврна на месечниот хороскоп за ноември. Таа посебно издвоила еден знак од Зодијакот, тврдејќи дека за него ова ќе биде месец на општа благосостојба, односно точка од која сè почнува да се подобрува.

Хороскопот за ноември, имено, особено ќе им се допадне на Водолиите, како што тврди Глоба. Им доаѓаат убави промени и поволни околности како на полето на кариерата, така и на односите во љубовта и семејството. Ајде да видиме што се’ ги чека во наредните недели.


Водолија
Целиот месец ќе биде обоен со една парола: „Јас можам се“. Очекувајте напредок на секој чекор!
Овој месец ќе ви донесе нови интереси и нови хобија во кои ќе уживате, а некои пријатели или познаници најверојатно ќе ве запознаат со нив. Всушност, креативните претставници на овој знак ќе го имаат најдобриот месец кога е во прашање успехот на работа.

Ќе добиете шанса да ги исправите старите грешки и да научите како да ги поставите вистинските цели. Полесно ви е да работите самостојно, но во исто време ви овозможува да дејствувате поефикасно, што дополнително води до подобрување на финансиските можности. Успешниот период ќе остане во сенка на борбата со конкурентите и ривалите на работа, која ќе трае од првите денови на ноември до крајот на јануари.
Парите ви доаѓаат неочекувано и лесно, но во исто време вашите финансиски потреби растат. Внимавајте на трошењето, а оние кои мака мачеле со пари сè уште можат да очекуваат постабилни приходи, а помош и можности им доаѓаат од неочекувани извори.


Мирот и спокојството ќе владеат во семејниот живот, додека љубовните врски конечно доаѓаат до израз. Ако сте зафатени, слободно признајте ги своите маани и слабости на партнерот; тој ќе го прифати со разбирање и ќе наидете само на поддршка. Ноември ќе ве натера да сфатите колку сте среќни што ја имате вашата сакана личност. Или можеби обратно – ќе сфатите дека тоа не е вашата сродна душа, што повторно не е лошо; тоа ви дава можност да го запознаете вистинскиот. Совет на астрологот е да не избрзувате со заклучоци бидејќи судбината секогаш може да ве изненади.

Најдобри денови во ноември за Водолија: 15, 16, 17 и 30 ноември


Најлоши денови во ноември за Водолија: 10, 11, 22, 23 и 24 ноември

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …