ДВЕ СОСТОЈКИ МОЖЕ ДА ВЕ СПАСАТ: Еве што треба да направите ако изгорите на сонце

Совети кои можат да ви помогнат доколку „изгорите“ во текот на летото
Прекумерното изложување на сонце нема да ја направи вашата кожа поубава и исончана, туку може да ви направи и само дополнителен проблем – изгореници. После тоа останува само црвенило, чешање и печење на кожата.
Ако не сакате да бидете „црвени како рак“, избегнувајте прекумерно сончање во периодот од 11 до 16 часот, бидејќи тогаш се најсилни УВ зраците, а ако веќе е доцна и вашата кожа е оштетена, овие се советите на дерматологот.


Имено, дерматолозите сугерираат дека алое вера и кокосовото масло можат да помогнат во ублажување на изгорениците и намалување на лузните предизвикани од преголемото изложување на сонце, пишува „Well and Good“.
Сепак, дерматологот Гита Јадав, основач на FACET Dermatology, вели дека кога нанесуваме кокосово масло е исто така важно.
– Ако го нанесете прерано по изгореницата, може да ја влошите болната, отечена, изгорена кожа со задржување на топлина. Затоа препорачувам прво да користите алое вера, а потоа и кокосово масло – објаснува таа.
Ова значи дека ако се грижите за изгорената кожа на сонце, воздржете се да нанесувате кокосово масло и држете се до разладување со алое вера или крема за сончање.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Студентките од државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 12 декември беа дел од втората …