ДВЕ ПРОРОШТВА КОИ ГО ОДБЕЛЕЖАЛЕ ЖИВОТОТ НА БРЕНА: И’ двете се оствариле, а кога ќе се сети на едно секогаш плаче

Лепа Брена слушнала што ќе и се случи во иднина кога имала 14 години, а добила и од пророштво од Баба Ванѓа
Брена постигна огромен успех во текот на нејзината кариера. Таа беше најпознатата пејачка во поранешна Југославија, а луѓето ја обожаваа низ целиот регион.

Двапати во животот и била предвидена судбината и двете пророштва се оствариле. Брена за тоа зборувала во емисијата „Амиџи шоу“ и открила досега непознати детали од нејзиното детство.


– Двајца пророци беа пресудни во мојот живот. Кога имав 14 години, бев дете кое не излегуваше толку многу по дискотеки. Се сеќавам дека отидов со мајка ми кај мојата сосетка, тетка Сена. Дошол еден постар човек и побарал чаша вода. Брзо станав и му подадов. Влезе и седна во собата. Ме праша чија сум, на што продолжи: „Погледни ја оваа твоја ќерка, таа ќе биде многу, многу позната“. Колку што може да види со очите, толку далеку ќе оди. Колку ќе ги рашири рацете, ќе може да земе“. Тогаш веќе помислив каква глупост е ова. Тој се надоврза на сето тоа и рече дека ќе бидам позната како Јосип Броз Тито, а јас во тој момент реков: „Ова е тотална глупост, нешто што е невозможно“. Ме погледна и ми рече: „Јас сум болен човек и одам на Сремскиот фронт, боледувам од дијабетес. Те молам, кога ќе се случи тоа, сети се на мене. Мисли на мене и запали ми свеќа“. Сега ќе плачам затоа што тоа беше толку емотивен момент за мене. Тогаш бев дете и не можев ни да погодам што ми подготви судбината. И до ден денес го паметам, секогаш му палам свеќа – му изјавила Лепа Брена на Огњен, а потоа се осврнала на пророштвото на Баба Ванѓа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


– Втор пат доживеав гатање кога имав концерти во Бугарија. Таму ми рекоа дека морам да одам кај Баба Ванѓа. Кога сте многу млади, се плашите од тоа што ви носи иднината. Претходната вечер спиев на шеќер, затоа што ми рекоа дека морам. Се обидов да се облечам скромно, за да не ме препознаат. Кога отидов да ја видам Баба Ванѓа, таа ми рече: „Дали си ти Лепа Брена? Пред пет години напишав во мојата книга дека ќе се појавиш и ќе слезеш од небото. Жена со сребрено-руса коса и дека народот во Бугарија ќе те сака како своја. Ќе се омажиш за човек кој ќе носи бела униформа. Ќе изградите и голема куќа во која ќе бидат заедно сите што пеат и свират, а ќе раѓате само машки деца, нема да имате девојчиња. Во вашите зрели години, ќе правиш фантастични работи“. Баба Ванѓа ми го пророкуваше сето тоа и на крајот сето тоа беше вистина. Отпрвин не и верував, но подоцна сфатив дека се што кажува е вистина – завршила Лепа Брена во емисијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал познат глумец (37) – Семејството и пријателите во шок, едвај можеле да кажат дека КРЕНАЛ РАКА НА СЕБЕ

Марсел Ман, познат германски комичар и актер синхронизатор, починал на 37-годишна возраст. Тој починал на …