Дуото In The Mood со промоција во живо на EP-то “Breeding ground for blues” ќе настапи на годинашниот јубилеен 5-ти Cotton Blues Festival.
Основани од Сашо Ѓорѓевски и Никола Џими Петровски во Скопје, In The Mood овој Ноември прославуваат 15 години постоење.
Дуото досега брои преку 4.000 настапи низ Македонија, како и на фестивали во Хрватска, Бугарија, Албанија и други клупски настапи низ Европа.
На денот на фестивалот, ќе бидат достапни и примероци од EP-то.