„Држи ВАМПИРСКА ДИЕТА или ПАДНАЛА ОД МАРС, нема трето“, Алексис од „Династија“ покажала како изгледа на 91 година и луѓето се ШОКИРАНИ, ова е за НЕВЕРУВАЊЕ и аплауз

Ако нечиј изглед успева да предизвика вистински шок, тоа секако е изгледот на славната Џоан Колинс, која гостувала на синоќешната BFI Luminous Gala во Лондон. Познатата актерка на 23 мај наполни 91 година. Секоја чест за тоа, и за таквата убавина.
Џоан Колинс блескала во светкава тоалета, елегантна и гламурозна како и секогаш. Сликите илустрираат милион причини зошто за оваа актерка се зборува како за жена која никогаш не старее. Ја следат и коментари дека „паднала од Марс“, односно дека „мора да е вонземјанка кога вака се спротивставува на годините“, но има и по малку бизарни тврдења дека таа всушност следи вампирска диета.


Ако ја прашате неа, причините се далеку поедноставни. Според неа, не се работи за вампирската диета или пластичната хирургија, туку за овие трикови. Холивудската дива се потрудила што помалку време да поминува на сонце, а за штетното зрачење да не и наштети на кожата, ги советува и ќерките.


Ѕвездата од серијата „Династија“ во 2012 година изјавила за Glamour дека одела на третмани со ботокс, па тоа ја одвратило од одлуката да посети пластичен хирург.


„Еднаш ми вбризгаа ботокс во челото и страшно ме болеше. Освен тоа, овие денови ги гледате сите овие кошмари за пластична хирургија. Имам пријатели кои имале ботокс и останале со грутки на лицето. А усните … Не ме терајте ни да почнам да зборувам за тоа“, рекла таа. Повеќе не и пречат гласините дека имала „повеќе пластични операции“.


„Но, знаете што велат за пластичната хирургија, нели? Тоа е женска одмазда. Вистина е дека секогаш добро се грижев за мојата кожа, иако секогаш се шминкав“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој …