Драмски театар Скопје гостува во Београдско драмско позориште на РУТА со „Чудна случка со кучето во ноќта“

Драмски театар-Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, денес гостува во Белградското драмско позориште во рамки на фестивалот Рута кој од 2-7 декември се одржува во Белград.

Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски – Димсата, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски.


Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Лазар Христов, Златко Митрески и Нела Павловска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Традиционален концерт по повод Василица во Националната Опера и Балет

Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 13 јануари, со …