Јахта долга 40 метри потонала во Средоземното Море.
Суперјахтата „Сага“ пловела од Галиполи во јужна Италија до Милаца на Сицилија во саботата, кога капетанот испратил повик за помош среде ноќ за да каже дека водата навлегува во бродот кај крмата. Крајбрежната стража однела четворица гости и еден член на екипажот – сите Италијанци, на безбедно, но ситуацијата брзо се влошила и бродот потонал околу 13. часот во неделата, додека уште четворица други членови на екипажот биле спасени.
Бил објавен и драматичниот момент кога суперјахтата од 40. метри потонала во близина на брегот на јужна Италија, откако наишла на проблеми доцна во ноќта.
При преминувањето на Заливот на Сквилас – на крајот од италијанската „чизма“ – бродот почнал да тоне, а доцна вечерта капетанот испратил повик за помош.
Фото: Принтскрин/YouTube