Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во западните и југозападните делови.
На планините врнежите ќе бидат од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70. км/час.
Минималната температура ќе се движи од пет до 11., а дневната ќе опадне за околу 8. степени и ќе се движи од девет до 16. степени.
Во Скопје, претпладне времето ќе биде облачно со повремен дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 13. степени.
Во недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините. Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Дожд и силен ветер, понесете чадор и облечете се топло
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.