Донаторска забава под маски “Заедно за млади”

На 27 октомври 2023 година, во 21 часот, во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, ќе се одржи донаторски маскенбал “Заедно за млади” во Коктел барот “Спалато” во Скопје.

70% од младите експериментираат со дроги, а не се свесни како да се заштитат во ризични ситуации. Неуморно работиме за да го подобриме статусот на младите. Нашиот фокус е подигнување на свеста за менталното здравје, намалување на штетите од употребата на дроги и обезбедување на безбедно забавување за младите. На младите им се наоѓаме кога е клучно, нѐ препознаваат и овие програми не смејат да сопрат. Затоа ВЕ бараме за поддршка, велат организаторите на овој настан.


Водител на настанот ќе биде Цеце Николова, а присутните ќе ги забавува Дј Дени.

Донаторската влезница чини 250 денари.


Забавата е дел од националната кампања „Денови за донирање“ на Конект со која се слави радоста на донирањето.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …