„Домашно, природно, вкусно“ – Саем на македонската традиционална храна

Денес, во Скопје City Mall – прв кат, од 10:00 до 19:00 часот, ќе имате можност да го посетите Саемот на македонската традиционална храна насловен како „Домашно, природно, вкусно“.

Уживајте во уникатните вкусови на домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, мармалади, мед, макала и уште многу други изненадувања, подготвени со љубов од нашите земјоделки и земјоделци.


Детска работилница: „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува нашата храна“ – едукативно и инспиративно искуство за најмладите.

Овој настан е дел од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан од Шведска и We Effect.


Бидете дел од овој специјален настан каде заедно ќе ја славиме традицијата, вкусот и убавината на нашата земја.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …